До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Мохамед Салах и официјално го напушта Ливерпул на крајот од сезоната, со што се завршува една од најуспешните ери во поновата историја на клубот.
Потврдата за неговото заминување пристигна од клубот, завршувајќи ги сите дилеми околу неговата иднина.
Сепак, деталите што сега излегуваат во јавноста дополнително ја изненадија фудбалската јавност.
Салах беше подготвен на огромен финансиски отстапок за да го напушти Енфилд како слободен играч.
Станува збор за последната година од договорот која му гарантираше огромна заработка.
Египќанецот според договорот заработуваше дури 400.000 фунти неделно. На годишно ниво, тоа изнесува 20,8 милиони фунти.
Кога оваа сума се пресметува во евра, се добива приближно 24 милиони.
И покрај тоа, Салах одлучи да се одрече од тие пари за да го оствари посакуваното заминување.














