Познат е следниот турнир каде што ќе игра Ѓоковиќ


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Според сегашните информации, Новак Ѓоковиќ веќе одлучил на кој турнир ќе се појави по подолгата пауза, а директорот на турнирот во Мадрид, Фелисијано Лопез, откри дека српскиот тенисер има желба да дојде во главниот град на Шпанија.

– Тој сака да дојде, тоа ми го кажаа. Очигледно, сите знаеме како Ѓоковиќ го гледа распоредот во последно време. Тој има способност да игра многу малку а сепак да се натпреварува за големите титули блиску до 40 години – кажа Лопез, кој често имал прилика во животот да игра со Новак.

Шпанецот тврди дека Мадрид ќе биде приоритет за најдобриот сите времиња, се разбира, заедно со претстојниот Гренд слем.

– Она што јас мислам е дека сака да дојде во Мадрид, дека е еден од приоритетите за неговата сезона на шлак, се разбира, заедно со Ролан Гарос. Мораме да бидеме полни со почит бидејќи не игра често и многу прецизно ги избира својот распоред и турнири. Мораме да бидеме внимателни, но ако се биде како што треба, ќе го имаме Ѓоковиќ во Мадрид – изјави Лопез.