Родри може да замине, а на негово место доаѓа „ѕвер“ од 100 милиони евра


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


На сите им е јасно дека Родри наскоро ќе го напушти Етихад, а како што стојат работите, кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид. Тој е голема желба на Флорентино Перез, а во последно време многу се зборува за тоа и се очекува трансферот да биде завршен летово.

Веќе е донесена одлука кого Пеп Гвардиола го посакува во Манчестер Сити на местото на Родри. Имено, станува збор за ѕвездата на Баерн Минхен, Александар Павловиќ.

Во Баерн се свесни за интересот кој постои за нивната ѕвезда, но се надеваат дека тој ќе го одбие овој трансфер.

Под водство на Винсент Компани, Павловиќ го покажа целото свое умеење во играњето во средниот ред.

Не е ни чудо што е на радарот на неколку гиганти како што се Манчестер Сити, Челси и Манчестер Јунајтед, но Пеп Гвардиола е подготвен да го направи првиот чекор.