Иран или Италија? Инфантино соопшти кој оди на Светското првенство


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Помалку од два месеца останаа до почетокот на Светското првенство кое годинава се одржува во Америка, Канада и Мексико.

Сите чекаат каква ќе биде одлуката во врска со Иран, дали тие ќе настапат на овогодишниот Мундијал или на нивно место на овој натпревар ќе оди некој друг.

Откако претходно Иранците побараа нивните натпревари да бидат префрлени од Америка во Мексико, ФИФА го одби нивното барање.

Следеше тишина која траеше неколку дена, а сега за сè се произнесе претседателот на ФИФА Џани Инфантино.

Тој ги отстрани сите сомнежи околу тоа дали Иран ќе настапи на Светското првенство или не.

Италијанците се надеваат дека ќе го добијат своето место на Светското првенство наместо Иран, но според сегашната состојба, тоа нема да се случи.

Инфантино вчера говореше на форумот Invest in America во Вашингтон и јасно стави до знаење дали Иран ќе настапи на Мундијалот.

„Иран доаѓа, сигурно. Се надеваме дека до тогаш ситуацијата ќе биде мирна, што дефинитивно би помогнало.

Да, секако, тие мора да дојдат. Тие го претставуваат нивниот народ. Се квалификуваа. Играчите сакаат да играат.”