Кристијано Роналдо како Леброн, наскоро ќе игра со неговиот син?


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Ал Наср разгледува можноста следната сезона во првиот тим да го вклучи Кристијано Роналдо помладиот, 15-годишниот син на португалската легенда Кристијано Роналдо, пренесуваат медиумите во Арабија.

Како што се наведува, конечната одлука ќе биде донесена по завршување на тековната сезона, по детална проценка на развојот на младиот играч и неговата потенцијална улога во сениорскиот состав.

Стручниот штаб на клубот планира да изврши техничка и тактичка анализа за да утврди до кој степен може да придонесе за првиот тим.

Можната промоција на Роналдо помладиот се совпаѓа со плановите на управата поврзани со иднината на неговиот татко, кој има важечки договор со клубот уште една сезона, а раководителите на Ал Наср сакаат да го задржат и во следниот период за да го искористат неговиот максимум на теренот.

Ал-Наср моментално е на прво место на табелата на саудиската професионална лига со 76 бодови и важи за еден од главните кандидати за освојување на титулата, а еден од најзаслужните за тоа е и Роналдо со 26 голови на 30 настапи во сите натпреварувања.