Ужас: Избоден млад фудбалер во Данска!


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерот на данскиот Митјиленд, Аламара Џаби, преживеа тежок напад во кој беше избоден со нож, а потоа итно опериран.

Спортската јавност во Данска, но и во цела Европа, е во шок од вестите дека 19-годишниот играч од средниот ред беше мета на напад.

Како што објави клубот од Хернинг, Џаби беше двапати опериран, беше во индуцирана кома од која е разбуден и моментално е стабилен.

„Аламара Џаби претрпе тешки повреди во нападот со нож и сега се наоѓа во стабилна состојба по две операции. Разбуден е од индуцираната кома и се чувствува добро со оглед на околностите. ФК Митјиленд е во тесен дијалог и соработка со надлежните органи и му дава целосна поддршка на него и на неговото семејство”, се наведува во соопштението од данскиот клуб.

Мотивот и деталите за нападот сè уште не се познати, а полицијата веднаш започна истрага, по која ќе бидат познати повеќе детали.