До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Челси повторно се наоѓа во турбулентен период, откако клубот се раздели со тренерот Лиам Росениор. Неговото заминување отвори нов бран шпекулации околу тоа кој би можел да седне на „жешката“ клупа на лондонскиот гигант.
Иако беа поврзувани повеќе познати имиња, двајца поранешни играчи на клубот јасно ставија до знаење дека немаат намера да го напуштат својот актуелен ангажман.
Еден од нив е Сеск Фабрегас, кој блеска како тренер во Комо и со тимот се бори за висок пласман во Серија А, па дури и излез во Лигата на шампиони.
Вториот е Френк Лампард, кој исто така е во добра форма како тренер на Ковентри Сити, каде што постигнува одлични резултати и се наоѓа во битка за враќање во Премиер лигата.















