Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Додека од Диего Симеоне (56) на терен секоја сезона се очекува повторно да ја осмисли играта на Атлетико Мадрид, надвор од фудбалските терен тие својот живот го градат на недвижности. Со сопругата Карла Переира, Симеоне изградил царство на недвижности во центарот на Мадрид, кое брои 180 станови и седум згради во сопственост, портфолио споредливо со специјализирани инвестициски фондови, пишува „Ел Еспањол“.
Центарот на нивното царство е компанијата Карперсим СЛ, преку која е насочена главната инвестиција во станбени недвижности и која се профилирала како најважната деловна гранка на брачниот пар. Според финансиските извештаи складирани во трговскиот регистар, имотот на компанијата се приближува до околу 40 милиони евра.
Од тоа, скоро 13,8 милиони евра се евидентирани како инвестиција во недвижности, а повеќе од 19 милиони евра како материјални средства. Овие податоци покажуваат во колкава мерка приходите од фудбалот ги претвориле во долгорочен имот, забележува шпанскиот медиум.














