Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Луис Енрике покажа дека размислува за сегашноста и за иднината. Тренерот на Пари Сен Жермен го најде своето следно засилување во Мадрид, во редовите на Реал.
Додека Пари Сен-Жермен се подготвува за уште едно лето во кое ќе се обиде дополнително да го засили својот проект базиран на млади играчи, од Шпанија пристигнуваат информации кои јасно покажуваат во кој правец размислуваат во Париз.
Според пишувањата на шпанските медиуми, новата мета на францускиот гигант стана еден од најталентираните дефанзивци на Реал Мадрид, младиот Џоан Мартинез.
Според пишувањата на угледната Марка, Парижаните внимателно го следат развојот на 18-годишниот стопер кој доаѓа од познатата академија La Fábrica.
Клучна улога во тој процес има спортскиот советник на клубот Луис Кампос, познат по способноста да ги препознае и доведе врвните млади таленти, пред да блеснат на големата сцена.
Мартинез сè уште нема дебитирано за првиот тим на Реал, но тоа воопшто не ја намалува заинтересираноста што постои за него, бидејќи веќе е стандарден во Кастиља.
















