Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Килијан Мбапе одлучи јавно да одговори на критиките што во изминатиот период доаѓаа на негова адреса, особено оние поврзани со неговиот однос на тренинзите и наводните недоразбирања со тренерот и стручниот штаб.
Францускиот напаѓач се најде под силен притисок од дел од медиумите, кои објавуваа дека е одвоен од тимот и дека не функционира најдобро со соиграчите. Сепак, тој ги демантираше ваквите тврдења, нагласувајќи дека реалната слика е поинаква.
„Дел од критиките се резултат на претерано толкување. Станува збор за период на опоравување кој е под целосен надзор на клубот, а Real Madrid секојдневно ја следи ситуацијата. Тоа што се пласира во јавноста не ја отсликува вистинската состојба – атмосферата во тимот е сосема различна“, порача Мбапе.














