Нереално сценарио: Не смеат да го победат Ливерпул ако сакаат во Лига на шампиони?!


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Неверојатно сценарио се подготвува во англиската Премиер лига, такво да еден тим не смее да оствари победа ако сака во Лига на шампиони!

Во последното коло, кога можеби ќе се води последната борба на сите фронтови, Брентфорд ќе го пречека Ливерпул.

Се разбира, спортот е таков – победата е целта и желбата на секој поединец или колектив, но во случајот на Брентфорд можеби победата сепак би била самоуништување. Да, можно е, се наѕира и нешто такво.

Во моментов, Ливерпул со 58 бодови е четврти на табелата, израмнет со петтопласираната Астон Вила. Брентфорд е седми со 51 бод, еден степен под шестопласираниот Борнмут. Меѓутоа, ако резултатите во наредните две кола се поклопат, може да се случи Брентфорд пред последното коло да се најде во неверојатна ситуација.

Постои сценарио во кое Брентфорд МОРАТ да загубат ако сакаат да играат во Лига на шампиони. А зошто?

Имено, Англичаните веќе обезбедија петто место во Лига на шампиони, бидејќи две такви добиваат земјите кои во претходната сезона добија најмногу УЕФА-коефициентни бодови.

Понатаму, ако Астон Вила ја освои Лига Европа и биде петта на табелата во Премиер лига, тогаш и шестопласираниот тим од првенството ќе игра во Лига на шампиони.

Во тој случај, на Брентфорд би му било потребно Ливерпул да биде четврт или подобар и „Пчелите“ од шестото место да одат во европската елита.