Србин застанува меѓу стативите на Ливерпул?


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Алисон Бекер по осум години го напушта Ливерпул и кариерата ја продолжува во Јувентус, а 33-годишниот Бразилец на Енфилд би можел да го замени српскиот репрезентативец Ѓорѓе Петровиќ.

Секако, тука е веќе Грузијанецот Гиорги Мамардашвили кој е сериозен избор на голот, но Црвените сакаат уште еден голман и тука се во игра неколку имиња.

Меѓу нив е и српскиот голман Ѓорѓе Петровиќ. 26-годишникот одлично се покажува на голот на Борнмут и го привлече вниманието на Ливерпул.

За сега, сепак, е само меѓу кандидатите за доаѓање на Енфилд. Има уште неколку кадри кои би можеле да ја облечат ‘единицата’.

Покрај Петровиќ со Црвените се поврзуваат Лукaс Шевалиер (ПСЖ), Емилијано Мартинез (Астон Вила) и Барт Вербруген (Брајтон) и ќе видиме за кого ќе се одлучат челниците на Ливерпул.