Хаос во Медељин: Навивачите ја нападнаа полицијата и запалиле половина стадион (Видео)


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Страшни сцени на хаос и насилство ги видовме ноќеска во Медељин, каде што требаше да се одигра натпреварот помеѓу домашниот Индепендиенте и бразилскиот Фламенго. Видовме само 60 секунди акција, по што стана јасно дека фудбал таму нема да има. Навивачите “запалија” половина стадион, започнаа пресметка со полицијата и дури, успеаја во својата намера.

Тешко дека на друго место во светот е можно да се види она што беше видено ноќеска на натпреварот од Копа Либертадорес. Навивачите на Индепендиенте, бесни поради фактот што нивниот тим беше елиминиран од лигата претходниот викенд откако завршија на 11-то место на табелата, организираа жестоки протести против играчите и управата.