Гвардиола ги насмеа новинарите со еден потег и избега од прес-конференцијата (Видео)


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Пеп Гвардиола порача дека Манчестер Сити до самиот крај ќе го брка Арсенал во трката за титулата во Премиер лигата, откако неговиот тим со победата против Брентфорд го намали заостанувањето на само два бода.

Сити славеше со 3:0 со голови од Џереми Докуу, Ерлинг Халанд и Омар Мармош, со што изврши притисок врз Арсенал пред нивното неделно гостување кај Вест Хем Јунајтед.

Расположениот Гвардиола го заврши своето обраќање до медиумите со „Ајде Вест Хем“, навивачкиот повик на Вест Хем, скрстувајќи ги рацете во знак на поддршка. Ова ги насмеа собраните новинари, а Гвардиола веднаш стана и замина.

.