(ВИДЕО) „Ова мораше да биде црвен картон“: Дали Арсенал доби помош од судиите?


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерите на Арсенал се приближија до освојувањето на првата титула шампион на Англија по 22 години благодарение на голот на Кај Хаверц, но Германецот лесно можеше да стане трагичар наместо херој.

Хаверц ја започна играта пред расположен Виктор Ѓекерес и ја оправда довербата на тренерот Микел Артета кога во 37-та минута со глава го искористи корнерот на Букаја Сака и постигна водечки гол против Барнли.

Сепак, во средината на второто полувреме беше многу блиску до исклучување поради груб старт над Лесли Угочуква, кога со копачките го зафати противникот по листот.

Поранешниот англиски репрезентативец Гери Невил беше многу критичен:

„Опасен старт на Хаверц. Далеку е од топката. Не ми се допаѓа тоа. Висината на стартот и фактот дека ја погодува стојна нога.“

.