Паднаа важни потписи: Вардар ги продолжи договорите со четири играчи


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


По освојувањето на шампионската титула во Првата македонска фудбалска лига, најтрофејниот клуб во земјава, Вардар, започна со задржување на костурот на тимот за наредната сезона.

„Црвено-црните“ ја потврдија соработката со четворица фудбалери, со кои се потпишани нови едногодишни договори.

Станува збор за голманот Методија Велковски, дефанзивецот Ненад Мишковски, како и играчите од средниот ред Филип Дурански и Горан Закариќ.