Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Македонскиот шампион Вардар соопшти дека ги продолжил договорите со Бобан Николов и Дарко Велковски.
„ФК Вардар ја информира јавноста дека Дарко Велковски постигна договор за продолжување на соработката со клубот до 30.06.2027 година.
Клубот му посакува многу успех, здравје и заеднички победи во црвено-црниот дрес.
ФК Вардар ја информира јавноста дека Бобан Николов постигна договор за продолжување на соработката со клубот до 30.06.2029 година.
Клубот му посакува многу успех, здравје и заеднички победи во црвено-црниот дрес“, се вели во соопштението на Вардар.















