Доста е! Атлетико Мадрид испрати остар одговор до Барселона поради Алварез

Откако денес го завршија доведувањето на Гордона од Њукасл, челниците на Барселона посакуваат да завршат уште неколку бизниси. Сето внимание сега е насочено кон доведување на нов напад, а играчот кој сите во Барселона го сонуваат е Хулијан Алварез.

Освен Барселона, голем интерес за напаѓачот на Атлетико Мадрид покажаа и од Арсенал, како и од Париз Сен-Жермен.

Сепак, челниците на Барселона денес пробаа да го забрзаат процесот и испратија понуда од 90 милиони евра на адреса на Атлетико Мадрид.

Тие им појаснија дека Алварез не е за продажба, тврдат новинарите од шпанскиот АС повикувајќи се на извори од Атлетико Мадрид.

„Алварез не е за продажба. Уморни сме од месеци и месеци лаги, полуистини или целосно измислени приказни како за купување на куќа во Барселона.

Ова е став на мал клуб. Клубот не прими никаква понуда за играчот, ниту се одржа било каков состанок.

Играчот не е виновен. Однесувањето на Џулијано беше беспрекорно, а ова е надворешен проблем кој не е поврзан со него”, порачуваат од Атлетико Мадрид.