Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
По убедливиот пораз од Турција и четирите примени погодоци без постигнат гол, селекторот на македонската фудбалска репрезентација Гоце Седлоски не го криеше разочарувањето од изданието на својот тим.
Стратегот на националниот состав истакна дека ја презема целосната одговорност за неуспехот и застана во одбрана на своите избраници, нагласувајќи дека вината не треба да се бара кај фудбалерите.
„Загубивме со 0-4, ја преземам сета одговорност бидејќи јас ги поставувам играчите. Ова е пријателски натпревар, на сите играчи им дадов шанса. Од овие натпревари треба да учиме многу. Точно е, имаме четири меча без постигнат гол. Работиме на тренинзите на тој сегмент. Игравме со силни репрезентации, а иако тоа не е оправдување, мора да работиме. Не смееме да се распаѓаме по примен гол. Мора да ги научам играчите дека треба да се оправда довербата да се биде дел од националниот тим“, кажа Седлоски.
















