Влаховиќ побара плата од осум милиони, плус 30 милиони провизија


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Душан Влаховиќ си заминува од Јувентус и на навивачите на торинскиот тим тоа не им падна тешко, особено кога слушнаа колку пари побарал за потпишување на договорот.

Соработката помеѓу српскиот напаѓач Душан Влаховиќ и Јувентус е завршена. По четири и пол години, Влаховиќ го напушта Торино и нема да биде запаметен како важен фактор во историјата на најголемиот италијански клуб.

Пробаа во Јувентус да го задржат Србинoт во нивните редови. Му понудија продолжување на соработката на две години, но со значително намалување на платата која претходно изнесувала 12 милиони евра.

Понудата изнесуваше шест милиони евра нето плата, плус еден милион евра бонус. Меѓутоа, 26-годишникот ја одби оваа понуда и побара повеќе пари, што ја запрепастило апсолутно сите.

Новинарот Мирко Ди Натале открива неверојатни детали за време на преговорите. Влаховиќ покрај платата од осум милиони евра побара дополнителни 30 милиони евра бруто како бонус и провизија за потпишување на договорот.