Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ ги изнесе своите очекувања за Светското првенство, и неговиот избор изненади многумина. Во финалето не ги гледа фудбалските велесили како Аргентина, Бразил или Франција, а меѓу фаворитите не ја спомена ниту Хрватска. Според него, шампионската титула ќе ја освои Португалија со победа против еден од домаќините, Мексико.
Како што пренесуваат регионалните медиуми, Ѓоковиќ верува дека Португалците ќе слават во финалниот меч со резултат 2:0 или 2:1. Таквиот исход би преставувал совршен крај на кариерата за Кристијано Роналдо, за кого ова би можело да биде последното Светско првенство. Од друга страна, влегувањето на Мексико во финалето би било првокласно изненадување. Иако се домаќини на турнирот и натпреварувањето го отвораат на култниот стадион ‘Астека’, ретко кој ги гледа во борба за титулата.
Она што ја прави прогнозата уште поинтересна е спискот на селекции кои Ѓоковиќ не ги вклучи во кругот на кандидати за трофејот. На него ги нема актуелните светски прваци Аргентина, секогаш опасниот Бразил, како ни Франција, Шпанија и Англија. Тенискиот великан не ја спомена ниту Хрватска, која на последните две Светски првенства освои сребрен и бронзен медал.
















