Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Една фудбалска кариера заврши на брутален начин. Познатиот шпански напаѓач Рафа Мир денеска пред судот во Валенсија беше прогласен за виновен за сексуален напад и телесни повреди и е осуден на осум и пол години затвор.
Кариерата на Рафа Мир е завршена денес. 29-годишникот ќе ги помине наредните осум и пол години зад решетки откако беше осуден за сексуален напад и телесни повреди.
Рафа и неговиот пријател, според наводите на судот, извршиле два сексуални напади на 1 септември 2024 година во домот на овој фудбалер, а жртвите биле Андреа НМ (21) и Карла А. (25).
Девојките, по дружење во ноќен клуб, сопствени одлуки дошле во станот на тогашниот член на Валенсија. Таму дошло до напад, а според кажувањето на Андреа НМ, тој ја нападнал во базенот, а потоа и во бањата.
По излегувањето од базенот, Андреа отишла да го бара мобилниот телефон. Не го нашла и потоа сфатила дека го оставила во ноќниот клуб.
Во целосен метеж поради тоа што се случило во базенот, сфатила дека во куќата на Рафа Мир ја заборавила чантата. Се вратила и повторно влегла во објектот, каде што дошло до нападот во бањата.
Од друга страна, Карла навела дека доброволно имала сексуална врска со Мир. Потоа нејзиниот пријател Пабло Џара се обидел да ја нападне, но таа успеала да се одбрани, за потоа да види како Рафа во бањата ја напаѓа нејзината пријателка.
Набргу девојките сè пријавиле во полиција. Прв бил пријавен Пабло Џара, а потоа и Рафа Мир, кој на крајот доби голема затворска казна, животот му е уништен, кариерата прекината.














