Белгија во голем проблем пред Иран: Една од најголемите ѕвезди дефинитивно отпадна


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Репрезентацијата на Белгија доживеа голем удар пред натпреварот од второто коло на Светското првенство против Иран. Еден од најважните играчи на “Црвените ѓаволи” нема да биде на располагање на селекторот, што би можело значително да влијае на плановите на белгиската стручна штаб.

Шокот се случи непосредно пред официјалниот тренинг во Лос Анџелес.

На теренот не се појави Жереми Доку, а наскоро пристигна и потврда дека ќе го пропушти дуелот против Иран.

Брзоногиот крилен фудбалер веќе со недели има проблеми со здравјето.

Уште пред доаѓањето во Соединетите Американски Држави стигна со силна настинка и респираторни тешкотии, но се чинеше дека неговата состојба се подобрува.