Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Првиот човек на Светската фудбалска федерација (FIFA) Џани Инфантино најави дека паузите за освежување ќе останат дел од натпреварите на Светските првенства.
Иако многумина во паузите за освежување гледаат на апсолутно уништување на фудбалот и потчинување на ТВ куќите кои од реклами заработуваат милиони долари, претседателот на FIFA Џани Инфантино тврди дека парите немаат улога во одлуката за триминутните паузи за време на двете полувремиња.
Обвинувањата кон него и одлуките за паузите сред игра доаѓаат од сите страни. Наводно FIFA ја полни касата, но Инфантино одбива да признае дека сè се прави за пари.
“Главната причина е топлината. Мора да разберете дека натпреварите се играат за 39 дена, некои тимови ќе одиграат и осум натпревари и неопходно е да има пауза за одмор. Тоа е многу важно”, рече Инфантино и објави дека правилото ќе остане во сила и на следните првенства.
“Што ни е уште поважно е да осигуриме дека сите екипи, во секој натпревар, играат под исти услови.”
Многумина тврдат дека на овој начин се губи ритамот и дека натпреварот се распаѓа на сегменти, што особено ги нервира сите кои се навикнати на чисти 45 минути без поголеми прекини. Во практика, паузите често стануваат мали тајмаути, а не само моменти за голтка вода.
Навивачите, од друга страна, тешко прифаќаат објаснување дека парите немаат никаква врска со новото правило. Секој прекин веднаш асоцира на дополнителни ТВ блокови, спонзорски активности и уште поголема комерцијализација на играта.
Во ера кога дресовите, стадионите и дури имињата на натпреварите се подредени на спонзорите, тешко е да се убеди јавноста дека токму овој потег не се вбројува во финансиска калкулација.
Сепак, Инфантино останува доследен наративот за грижа за фудбалерите. Во повеќе наврати нагласи дека летните првенства се физички исклучително напорни, дека се игра во термини кои не се идеални, и дека медицинските тимови инсистираат на дополнителна хидратација за да се намали ризикот од колапс, дехидрација и повреди.
















