Познати се 4-те пара за нокаут фазата на Светското првенство, овие 19 репрезентации веќе се квалификуваа понатаму

По првите два дена од третото, последно коло на групната фаза на Светското првенство во фудбал, добивме некои одговори, но не и сите! Тоа што го дознавме се имињата на 19 репрезентации кои ќе играат во осминафиналето, но и четирите пара за оваа фаза.

Комплетирани се групите од A до F, а понатаму веќе се квалификувани: Мексико, Соединетите Американски Држави, Германија, Аргентина, Франција, Норвешка, Колумбија, Швајцарија, Канада, Бразил, Мароко, Босна и Херцеговина, Јужна Африка, Брегот на Слоновата Коска, Еквадор, Холандија, Јапонија, Шведска и Австралија.

Од друга страна, познато е дека во нокаут рундата ќе играат Јужна Африка – Канада, Холандија – Мароко, САД – Босна и Херцеговина и Бразил – Јапонија. По натпреварите вечерва и утре во ноќта ќе бидат решени многу дилеми.

Групната фаза завршува во ноќта меѓу сабота и недела, а веќе во недела од 21 часот првиот дуел, единствен тој ден, ќе го одиграат Јужна Африка – Канада.