Американците загрижени за дуелот со БиХ


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Репрезентациите на САД и БиХ ќе ги одмерат силите во осминафиналето на Светското првенство, а пред тој натпревар американскиот „Фокс спорт“ ја истакна статистиката која не оди во прилог на домашната селекција.

Американците ја завршија групната фаза како првопласирани во Група Д.

Победите против Парагвај и Австралија беа доволни за првото место, додека поразот од Турција (3:2) во последното коло помина без нови проблеми со повреди или суспензии.

Сепак, како што наведува „Фокс спорт“, постои еден податок кој сериозно загрижува пред дуелот со Босна и Херцеговина.

Поразот од Турција беше десетиот последователен неуспех на САД против европските репрезентации, додека Американците веќе 12 натпревари не знаат за победа против селекции од УЕФА зоната. Во тој период, остварија две ремија и дури десет порази.

Ниту доаѓањето на селекторот Маурисио Покетино не донесе пресврт во дуелите со европските тимови.

Иако Аргентинецот години работеше во европскиот фудбал, водејќи го Тотенхем, Челси и Париз Сен Жермен…

Од преземањето на репрезентацијата загуби сите шест натпревари против европските противници, со гол-разлика 6:18.