Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Карло Анчелоти останува селектор на бразилската репрезентација и покрај горкиот пораз од Норвешка со 2-1 и испаѓањето во осминафиналето на Светското првенство. Искуствениот италијански стратег и Бразилскиот фудбалски сојуз (CBF) порачаа дека долгорочниот проект останува неприкосновен, иако репрезентацијата забележа најлош резултат на Мундијалот од 1966 година наваму.
Бразилскиот сон за освојување на шестиот светски наслов се изгасна во Њу Џерси, каде што Норвешка ја однесе до победа Ерлинг Халанд со два гола. Фрустрирачката вечер за Селесао ја комплетираа промашениот пенал на Бруно Гимараеш во првото полувреме и слабата реализација во нападот. Овој болен пораз го означува најлошиот настап на петкратните светски шампиони на големо натпреварување од испаѓањето во групната фаза пред 60 години.
И покрај растечкиот притисок од јавноста по раното испаѓање, 67-годишниот селектор брзо реагираше на социјалните мрежи за да ги прекине шпекулациите за својата иднина и да ја потврди одлучноста дека останува на клупата. Анчелоти на платформата X објави: “Денес болката е голема, но не се менува довербата во она што го градиме. Ќе продолжиме да работиме за нашата репрезентација. Секогаш заедно. Секогаш Бразил!”
















