Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Претседателот НА ФИФА, Џани Инфантино повторно се огласи преку социјалните мрежи, среде повиците за негово оставка поради аферата со американскиот напаѓач Фоларин Балогун. Инфантино во својата објава го пофали тековното Светско првенство, а особено ги истакна судиите, додека поголемиот дел од спортската јавност бара негово одстапување поради скандалот што го одбележа турнирот.
И покрај контроверзиите, Инфантино нагласи дека Светското првенство постигна неверојатен успех, припишувајќи заслуги и на судиската организација. “Во голема мера на тоа придонесе нашата фантастична судиска екипа – ‘Екипа Еден’.
Турнирот го судат најдобрите на светот, избрани преку ригорозен процес кој ги зема предвид нивните вештини, доследност и квалитет во долготрајниот период. Повторувам, мораме да ги почитуваме судиите и правилата што управуваат со нашата игра. Тоа е многу едноставно и не може никогаш доволно да се нагласи – без судии нема фудбал”, наведе Инфантино.
















