Вардар немоќен против КуПС – со два гола негатива патува во Финска


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Вардар не успеа да оствари позитивен резултат на првиот натпревар од квалификациите за Лигата на шампионите, откако на домашен терен загуби од финскиот КуПС со 0-2.

Гостите оставија подобар впечаток во текот на целиот натпревар и заслужено стигнаа до предност. „Црвено-црните“ тешко создаваа шанси, а најопасен беше далечниот удар на Закариќ во првото полувреме, кој не го изненади голманот Креидл.

КуПС поведе непосредно пред паузата преку Магаса, кој со удар со глава ја затресе мрежата по центаршут од десната страна. Само неколку моменти по почетокот на второто полувреме, Амрах го удвои водството на финскиот шампион.

До крајот Вардар не успеа да најде одговор, а ситуацијата дополнително се искомплицира кога Босанчиќ во краток временски период доби два жолти картони и беше исклучен.