Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Во Португалија не се смируваат страстите по испаѓањето од Светското првенство. Многу се обвинувањата првенствено за Кристијано Роналдо, за кого медиумите сметаат дека со својот егоизам го уништил тимот. Мартинез даде оставка веднаш по елиминацијата од Шпанија, а нов селектор ќе биде Жорж Жезус.
Сестрата на Роналдо дополнително ја загрева ситуацијата со тврдењата дека средните играчи ја враќале топката назад наместо да ја подадат на нејзиниот брат, а постои и дел од јавноста кој смета дека присутен бил тивок бојкот.
Бруно Фернандеш бил принуден да ги исклучи коментарите на социјалните мрежи, голем број на навивачи го обвинуваат дека се криел на теренот, дека бил незадоволен што Роналдо бил во тимот и дека ни тој, ни Витинја, ниту останатите врзни играчи не играле како што умеат.
Ова, се разбира, нема смисла, ниту пак има било какви докази, едноставно Португалија беше заложник на Роналдо, топката одеше кон него. Проблемот е што во овие години кога биологијата го има направено своето, тој не може да се избори за простор.
Легендарниот Јури Џоркаеф, коментирајќи го наводниот раскол во тимот, напомена дека останатите играчи едноставно му препуштиле на Роналдо да решава, очекуваа од него да го реши натпреварот и затоа се повлекоа.
„Тоа е еден вид бојкот, ми изгледаа како да се резигнирани”, вели поранешниот светски првак.
Ова не е генерацијата на Роналдо, тој во неа нема многу пријатели и често се зборувало дека во оваа деценија е изолирана фигура, особено по заминувањето на Пепе и уште неколку постари.















