Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Вардар утре ќе го одигра реваншот против Рига во квалификациите за Конференциската лига, во кој ќе се обиде да ја надополни негативата од првиот натпревар.
„Црвено-црните“ во Скопје загубија со 2-3, но капитенот Азер Омерагиќ верува дека резултатот од првиот дуел не значи дека е решено прашањето за патникот во следната рунда.
Омерагиќ очекува голема борба во Летонија и порача дека тимот ќе даде максимум за клубот и за вардаровиот дрес.
„По натпреварот во Скопје, ни следи реваншот во Рига. Ништо не е готово затоа што ни следи второ полувреме со ривалот. Ќе се бориме на терен, ќе играме за дресот и боите на Вардар, сакаме добро европско издание“, изјави капитенот.
Според Омерагиќ, за позитивен резултат ќе биде неопходно Вардар да одигра дисциплинирано и без непотребни грешки, а фудбалерите доследно да ги применат насоките добиени од стручниот штаб.
„Ако функционираме добро тактички и без грешки и ако ги следиме советите на тренерот од тренинзите, можеме до позитивен резултат за нас во Рига“, додаде Омерагиќ.
















