Ова никогаш не му се случило на Новак: Синер и Алкараз се откажуваат, а Зверев веднаш „падна“


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња и тоа затоа што никогаш не ги „одработувал“ турнирите, особено не во неговите најдобри години. Алкараз и Синер се откажаа од мастерсот во Монтреал, додека Зверев дојде сосема неподготвен и веднаш испадна.

Новак Ѓоковиќ, Јаник Синер и Карлос Алкараз решија да го прескокнат мастерсот во Монтреал од различни причини. Ѓоковиќ едноставно, во ветеранските години, нема желба да игра турнири кои не му одговараат и сакаше повеќе време за одмор, Јаник Синер реши да ја чува силата за Синсинати и УС Опен со новите здравствени проблеми кои ги има, додека Карлос Алкараз сè уште не е подготвен поради сите проблеми кои ги има со рачниот зглоб.

Тоа значеше дека вториот тенисер на светот, Саша Зверев, има отворен автопат до титулата на Роджерс купот, особено по две последователни финалиња на гренд слемови (освои Ролан Гарос и загуби финалето на Вимблдон), меѓутоа се случи сосема спротивното. Германецот испадна уште во првото коло од Талон Грикспор (2:1).