Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
По доаѓањето во Реал Мадрид, Жозе Мурињо ја процени состојбата и веднаш воведе промени. Заклучи дека на клубскиот центар Валдебебас му се потребни посилни правила и негов личен печат, па ја укина досегашната комоција и целосната слобода што играчите ја имаа во организацијата на секојдневниот живот. Воведува построга контрола врз сите аспекти кои влијаат на формата на играчите, од исхрана и опоравок до точност на пристигнување во кампот, јавува Ас.
Неговиот пристап не се темели на сила, туку на решителност и јасни поставки, а заедништвото го смета за клучно. Тоа го потврдува и неодамнешната клупска фотографија на која целата екипа и стручен тим заедно вечераат во Валдебебас, што досега не беше обичај. Португалецот верува дека таквата рутина е клучна за изградба на тимскиот дух, а таа пракса ја применуваше и во Бенфика.
Извори од клубот наведуваат: “Сака да поттикне заедништво и единство и засега тоа изгледа ветувачки”. Друг извор додава дека “атмосферата е многу, многу добра”. Ваквите пораки се сметаат за значајни, особено по напнатата завршница на минатата сезона.
Решителноста на Мурињо посебно се гледа во новиот режим на исхрана. Нутриционистот веќе не е само советник, туку личност која пропишува строги менија за појадок и грицки. Сето тоа е подредено на постигнување врвни резултати, без простор за индивидуални желби. Со тоа е укината досегашната слобода на играчите при избор на оброци, што, според информациите, не предизвикало отпор во соблекувалната.
Ниту новите правила за казнување не предизвикале незадоволство. Недисциплината веќе не се казнува финансиски, туку играчот кој ќе прекрши правило мора да одработи самостоен тренинг во фитнес сала, одвоен од екипата. Правилото налага сите играчи да бидат во Валдебебас еден час пред почетокот на тренингот, а за доцнење следи казна. Правилото важи за сите подеднакво, без оглед на статусот на конкретниот играч во тимот.
















