Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Јошуа Зиркзе би можел до крајот на трансферниот период да го напушти Манчестер Јунајтед, но неговата наредна дестинација можеби нема да биде Италија, каде што последните месеци најчесто се поврзуваше со потенцијално враќање.
Холандскиот напаѓач сѐ уште е член на Манчестер Јунајтед, но по доаѓањето од Болоња не успеа да се избори за статус на стандарден првотимец на Олд Трафорд.
Зиркзе досега одигра 75 натпревари за Јунајтед во сите конкуренции и постигна само девет голови, поради што сѐ почесто се зборува за негово заминување.
Според информациите на Фабрицио Романо, за неговите услуги постои интерес од клубови во Италија, но сега се појави и една многу интересна опција од самата Премиер лига.
Романо откри дека Астон Вила контактирала со Манчестер Јунајтед за да се распрашаат околу можноста за доведување на 25-годишниот напаѓач.
Досега не пристигнала официјална понуда, ниту се отворени конкретни преговори, туку станува збор за прв контакт помеѓу двата клуба.
















