Кари доби бланко чек: Само напиши сума и потпиши


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Стеф Кари нема дилема каде сака да ја заврши кариерата, а се чини дека ни Голден Стејт Вориорс немаат дилема дека сакаат да го задржат.

Стеф Кари и Голден Стејт Вориорс очигледно не сакаат да дозволат нивната соработка да биде доведена во прашање. Кари има можност идното лето да потпише нов, двегодишен максимален договор вреден повеќе од 130 милиони долари, со што би останал во дресот на франшизата од Сан Франциско до својата 40-та година.

Како што пренесува Ентони Слејтер од ESPN, ситуацијата во преговорите е прилично необична. Вориорс, според неговите информации, практично не поставуваат услови пред својата најголема ѕвезда и се подготвени да му овозможат на Кари целосна контрола врз новиот договор.

Сепак, новиот договор не мора да биде потпишан веднаш. Кари моментално е врзан за Вориорс, а неговиот актуелен договор истекува идното лето. Доколку продолжувањето се случи во 2027 година, Голден Стејт би добил дополнителна флексибилност во однос на селери капот и би можел да биде поактивен на пазарот за слободни играчи.