УЕФА подготвува кривична постапка против Инфантино, ФИФА би можела да ги покрие неговите трошоци

Конфликтот меѓу УЕФА и претседателот на ФИФА Џани Инфантино би можел да добие и правно продолжение. Како што пишува The Athletic, Европската фудбалска унија подготвува кривична пријава и покренување на постапка против првиот човек на ФИФА пред судот во Швајцарија.

Односите меѓу УЕФА и Инфантино веќе се сериозно нарушени, а европската врвна фудбалска организација направила и конкретни чекори во овој случај.

УЕФА побарала од три суда во Соединетите Американски Држави толкувања и документација кои се однесуваат на начините на оценување на вредноста на Светското првенство, чиј што акции Инфантино планирал да ги продаде на приватни инвеститори.

Според пишувањата на The Athletic, во ФИФА сметаат дека дејствата на УЕФА се директно насочени против Инфантино. Сепак, се очекува светската фудбалска организација да ги покрие неговите финансиски трошоци во евентуалната постапка.