Хаос во Фенербахче: Ѕвездата дозна за шокантната одлука пред камерите (Видео)

Натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Фенербахче и Рома заврши без победник, со резултат 1:1, но она што се случи по натпреварот го засени резултатот.

Тренерот на Фенербахче, Исмаил Картал, изненадно реши да ја напушти клупата на турскиот гигант, а неговата одлука беше соопштена на новинарите веднаш по завршувањето на натпреварот.

Картал на прес-конференцијата изјави дека ја донел одлуката да го отвори патот за својот клуб и дека повеќе нема да се врати на функцијата што ја извршуваше.

“Од вечерва ја напуштив функцијата. Ја донесов оваа одлука за да го отворам патот за мојот клуб. Решив да дадем оставка и никогаш повеќе нема да се вратам”, рече Картал.

Меѓутоа, вистинската неверица дојде по неколку моменти кога Арчи Браун се појави пред новинарите за да даде изјава по натпреварот.

Браун ја даваше изјавата со помош на преведувач, кога новинар му постави прашање за оставката на Картал.

“Исмаил Картал поднесе оставка. Дали зборуваше со вас?”, беше прашањето.

Браун тогаш со видлива збунетост го погледна преведувачот, очигледно целосно несвесен за тоа што се случило.

“Што значи дека поднел оставка? Тој веќе не е тренер? Тоа го рече сега? Не знаев”, праша шокираниот фудбалер на Фенербахче.

🚨🏴󠁧󠁢󠁥󠁮󠁧󠁿 Ова е моментот кога играчот на Fenerbahçe, Арчи Браун, беше информиран дека Исмаил Картал поднел оставка од својата позиција како тренер! 🎙️

“Што значи дека поднел оставка? Како тренер? Не знаев за ова.” 😳 pic.twitter.com/Iq8hZO7pDE— EuroFoot (@eurofootcom) September 10, 2026

.