Баерн вчера вечер на Алијанц Арена го декласираше Бодо/Глимт со 5:0 на почетокот на новата сезона во Лигата на шампионите, а главна тема на социјалните мрежи е Мајкл Олисе кој даде интервју по натпреварот, но истото не помина баш најдобро.
Во самиот финиш на дуелот на сцена стапи Мајкл Олисе кој стави точка на овој меч. Французинот прво во 83-та минута го даде голот за 4:0, а потоа во втората минута од судиското продолжение го постави конечниот резултат од 5:0.
Токму Олисе се најде во центарот на вниманието на социјалните мрежи по натпреварот бидејќи беше тој што се појави пред камерите за да даде изјава поради тоа што беше прогласен за најдобар играч на натпреварот.
Сепак, интервјуто со Олисе не одеше по план за новинарот што ги поставуваше прашањата бидејќи беше очигледно дека францускиот репрезентативец и не беше многу расположен за разговор.
“Како е лесно да постигнуваш вакви одлични голови, каков е чувството?”, праша новинарот.
“Не знам”, кратко одговори Олисе.
“Ми го отежнуваш навистина интервјуто. Што те прави среќен? Победувањето, постигнувањето голови?”, се обиде новинарот уште еднаш.
“Да”, рече Олисе, а по тоа новинарот сфати дека треба да го заврши интервјуто кое траеше помалку од минута и се виде дека поради тоа беше навистина разочаран.
Што се случуваше во микс зоната на Алијанц Арена по завршувањето на натпреварот и како изгледаше интервјуто што го даде Олисе можете ДА ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА.














