Фановите на боксот останаа шокирани кога го слушнаа терминот за борбата меѓу Фјури и Џошуа!

Тајсон Фјури и Ентони Џошуа до крајот на годината ќе се најдат во рингот. Наскоро ќе биде познат официјалниот декемвриски датум, а фановите во Европа се шокирани од терминот.

Една од најголемите борби на сите времиња, барем што се однесува до Велика Британија, конечно ќе се одржи.

Завршувањето на преговорите за борбата Тајсон Фјури – Ентони Џошуа се очекува веќе во наредните денови и борбата за Британија веќе има потенцијални датуми за декември годинава.

Тоа што се знае е дека борбата ќе се одржи во Кардиф, а потенцијалните датуми се 4. или 11. декември. Меѓутоа, интересно е дека борбата ќе се одржи во необичен термин.

Покрај фактот дека настанот ќе започне во петок на 4. или 11. декември, Фјури и Џошуа нема да влезат во ринг пред раните утра во сабота. Влегувањето се очекува околу 2 часот сабајле.

„Нетфликс“ е тој што одлучува за се. Одлуката е таква поради американската публика и ќе биде многу интересно да се види како ќе изгледа борбата на боксерските титани во таков термин.

.