Лас Палмас ги отфрли обвинувањата за местење во Примера

Екипата на Лас Палмас ги отфрли обвинувањата дека го наместиле натпреварот од шпанската Примера против тимот на Гранада.

Трите бода од споменатиот натпревар и помогнаа на Гранада да избори опстанок во друштво на најдобрите, а за овој натпревар наводно се исплатила сума од 600.000 евра.

Од шпанскиот клуб ги отфрлија таквите обвинувања и наведоа дека стојат на располоагање на истражителите во овој случај.