Симеоне без дилема порача кој заслужува Златната топка

Диего Симеоне немаше никаква дилема кога беше прашан кој треба да ја освои Златната топка за 2026 година.

Тренерот на Атлетико Мадрид зборуваше на прес-конференција пред натпреварот од првенството против Осасуна, а на прашањето за најголемиот фаворит за Балон д’Ор веднаш го потенцираше Лионел Меси.

“Меси, без никакво сомневање. По Светското првенство какво што одигра во тие години, нема никакво сомневање – Меси”, порача Симеоне.