Вардар немаше среќа, Нант со победа си замина од Скопје

Вардар претрпе минимален пораз од Нант со 32-33 во првиот домашен натпревар сезонава во Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“ имаа одличен почеток и поведоа со 3-0, но Нант постепено се врати во игра и во 13. минута стигна до првото водство. Французите во еден момент имаа и четири гола предност, но Вардар успеа да намали и на пауза замина со 15-16.

Во второто полувреме се играше гол за гол, а Вардар во завршницата успеа и да поведе со два разлика. Сепак, гостите брзо израмнија, па следуваше драматична завршница.

При резултат 32-32, Нант доби седмерец на 15 секунди до крајот и го реализираше за победа од 33-32. Вардар имаше шанса во последниот напад, но не успеа да стигне до израмнување.

Фото: РК Вардар