Кристијано Роналдо, дури и на 41 година, не покажува намера да забави. За неговата физичка подготвеност, начинот на тренинг и исхрана се зборува речиси цела кариера, но спортскиот нутриционист Џони Ондина тврди дека зад неговата долговечност не стои никаква чудесна намирница ниту посебна диета.
Ондина за шпанскиот AS зборуваше за начинот на кој се храни португалската ѕвезда, а неговото мени го опиша како „доста досадно“.
Роналдо главно се потпира на едноставни и природни намирници кои се достапни практично на сите. Сепак, според зборовите на нутриционистот, постои нешто што го издвои дури и од голем број врвни спортисти.
Не се работи за скапи додатоци или револуционерни методи.
„Тајната на исхраната на Кристијано Роналдо е состојка која ја немаат 90 проценти од обичните луѓе или врвните спортисти, а тоа е постојаноста“, објасни Ондина.
















