Рафинја не сака да молчи, го зеде микрофонот во раце, а потоа почна да зборува за Атлетико Мадрид

Сагата околу трансферот на Хулијан Алварез во Барселона го одбележа летниот преоден рок, а свој коментар за сè што се случуваше даде и Рафинја, кој немаше милост спрема Атлетико Мадрид.

Барселона во летниот преоден рок вложи големи напори да го доведе Хулијан Алварез во своите редови, за кого беше подготвена да плати повеќе од 100 милиони евра, но Атлетико Мадрид го одби тоа.

Иако му ветија на почетокот на годината дека ќе го пуштат да замине ако тоа го посака, и Алварез јавно кажа дека сака да оди во Барселона, на крајот ништо не се оствари.

Од Атлетико му дадоа до знаење дека може да оди секаде освен во Барселона, што го предизвика Алварез бурно да реагира. Некое време дури и не тренираше, а кај навивачите на Атлетико стана најомразената личност, што дополнително ја отежна ситуацијата.

Бразилецот порача дека не му е јасно зошто Атлетико тоа му го направи на Алварез и дека потполно претерале.

“Искрено, не можам да сфатам што му направи Атлетико Мадрид на Хулијан Алварез. Моето лично мислење е дека е мала веројатноста работите да функционираат таму каде што се чувствувам непријатно и каде што не сакам веќе да останам. Да се разбереме, постои шанса работите со Хулијан и Атлетико да се изменат, но непишаното правило е дека едноставно не можете да го имате потребниот мир ако останувате таму каде што не сакате”, рече Рафинја и додаде.

“Хулијан лично во неколку наврати отворено и даде до знаење на управата на Атлетико дека сака да го напушти клубот и, што е поважно, дека сака да премине исклучиво во Барселона. Разбирам дека клубовите не сакаат да ги пуштаат своите најдобри играчи така лесно, особено не во редовите на ривалите, но мислам дека Атлетико претера, со цело должното почитување”.