Одлична атмосфера во Прилеп: Трибините полни, а Победа гази на теренот (Фото)

Фудбалот повторно привлекува големо внимание во Прилеп. ГФК Победа одигра фантастичен натпревар на домашен терен и со убедливи 10-0 го совлада Влазними во второто коло од Третата лига – Регион 4.

Покрај убедливата игра на теренот, впечаток остави и атмосферата на трибините, кои беа добро исполнети.

Прилепчани имаа причина за ново славје, откако и на премиерата пред домашната публика Победа приреди голеада и со 6-0 го совлада Превалец