Македонскиот кошаркарски тренер Дарко Радуловиќ продолжува да работи во Полска, но на нова клупа. Тој е нов шеф на стручниот штаб на ОПТим Решовија Жешов, откако спогодбено ја прекина соработката со Старогард Гдањски.
Договорот со Радуловиќ важи до крајот на сезоната 2026/2027, со можност за продолжување за уште една сезона, соопшти клубот преку својата официјална страница.
Старогард Гдањски преку официјално соопштение му се заблагодари на 46-годишниот тренер за постигнатите резултати и за периодот поминат на клупата на клубот.
Најпрвин подготовки, потоа клупата
Радуловиќ нема веднаш да ја води новата екипа. Решовија во сабота игра токму против Старогард Гдањски, тимот што Радуловиќ го водеше досега, па тој нема да седи на клупата на тој натпревар. Наредните денови ќе ги искористи за запознавање со играчите и подготовка на тимот за следните предизвици во првенството.
Македонскиот стручњак во кариерата ги водеше и МЗТ Скопје и унгарскиот Хибнер Њиредхаза. Клупата на Старогард Гдањски ја презеде во текот на сезоната 2024/2025.
Минатата сезона со Старогард Гдањски тој го освои четвртото место во полското првенство, со учинок од 21 победа и 11 порази.
Решовија од Жешов е еден од клубовите со долга традиција во полскиот спорт, а од новиот тренер се очекува да ја подобри формата на екипата во продолжението на сезоната.
















