Закариќ му донесе победа на Вардар кај Силекс

Горан Закариќ во акција
Фото: Hatorcat / Wikimedia Commons (CC BY-SA 4.0)

Вардар со минимални 0-1 го совлада Силекс на гостувањето во Кратово во 13тото коло од Првата македонска фудбалска лига и ги освои трите бода во тежок дерби-дуел.

Победничкиот гол го постигна искусниот Горан Закариќ во 47тата минута, веднаш на почетокот на второто полувреме. Асистенцијата ја забележа Азер Омерагиќ.

Првото полувреме заврши без голови. Силекс имаше шанси и постигна гол кој беше поништен поради офсајд.

Во вториот дел Силекс бараше изедначување. Вардар уште еднаш имаше среќа кога голот на домаќинот беше поништен поради офсајд.

Со новите три бода Вардар стигна до 24 поени и е четврти на табелата. Шкендија е втора со 27, а лидер е Струга Трим Лум со 29 поени по денешниот триумф над тетовчани.