Илија Несторовски постигна два гола и му помогна на Славен Белупо да ја победи Горица со 5-3 во 13тото коло од хрватската Суперспорт ХНЛ, на Градскиот стадион во Велика Горица.
Македонскиот напаѓач прво погоди со удар со глава во 17тата минута, по грешка на домашниот голман. Подоцна, во 65тата минута, од пенал го постигна својот втор гол и му донесе ново водство на гостинскиот тим (3-4).
Мечот беше вистинска голојада. По првото полувреме резултатот беше 3-3. За Славен, покрај Несторовски, стрелци беа и Јосип Митровиќ и Ловро Бановец, а во 90+4тата минута Михаил Каимаков го постави конечниот резултат (3-5).
За Горица голови постигнаа Стефан Периќ, Лука Врзиќ и Душан Стевановиќ. Горица и по овој пораз остана на последното место на табелата.
Несторовски со новите два погодоци стигна до осум првенствени голови во 12 настапи оваа сезона. Двата гола на Несторовски ги потврди и официјалниот пренос на Спортнет.
















