Во 11тото коло од Втората македонска фудбалска лига, Кожуф направи изненадување и одигра 1-1 со Пелистер во Гевгелија, додека Охрид и Работнички славеа со убедливи резултати.
Пелистер поведе во 20тата минута преку искусниот Кире Ристевски, но Кожуф израмни во второто полувреме за конечни 1-1.
Охрид ја искористи грешката на Битолчани и без проблеми го совлада Камјани со 4-0. Со таа победа, лидерот ја зацврсти првата позиција и сега има три бода повеќе од Пелистер.
Работнички исто така беше убедлив и го победи Осогово на гостувањето во Кочани со 3-0, продолжувајќи ја добрата серија во борбата за врвот на табелата.
Од останатите натпревари во колото: Беласица го совлада Шкупи со 2-0, Детонит го победи Брера со 1-0, Новаци беше подобар од Македонија Ѓорче Петров со 2-0, а Тетекс го совлада Еуромилк со 4-0.
















