До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Голманот на Милан Џанлуиџи Донарума има немера да го продолжи договорот со тој клуб, и покрај големиот интерес на Јувентус за неговите услуги, пишуваат италијанските медиуми.
Младиот голман (17) се смета за најталентиран чува на мрежата на светот и наследник на сегашниот голман на Старата дама Џанлуиџи Буфон.
Генералниот директор на Бјанконерите Џузепе Марота наговести вчера во изјава дека Донарума може да биде интересен играч после заминувањето на Буфон во пензија кој најави после светското првенство во 2018 година, баш кога договорот на голманот на Милан истекува, пренесува Фудбал Италија.
Меѓутоа, како што наведува калчомеркато, 17-годишниот има намера да остане на Сан Сиро и да го продолжи договорот кој ќе вреди два милиони евра по сезона.
Тоа секако треба да се случи на 18 роденден во февруари.















